Skip to main content

Учениците од Државното музичко училиште во Битола одржаа виртуозен и воодушевувачки концерт во Тирана

Прекрасен, виртуозен и воодушевувачки концерт на учениците од Државното музичко училиште во Битола. По заедничка иницијатива и со поддршка на директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода, се реализираше овој гостински концерт во соработка со музичкото училиште „Јордан Мисја“ во Тирана.

Учениците блеснаа на сцената во концертната сала „Тони Харапин“, а публиката во полната сала ги награди со силен и заслужен аплауз.

Директорките на двете училишта од Битола и Тирана потпишаа меморандум за соработка, со кој во иднина ќе се реализираат концерти, заеднички музички проекти, размена и мастер класи на наставници, учества на натпревари во двата града, како и поблиска соработка меѓу учениците.

Посебна благодарност до директорката на Музичкото училиште во Битола, Марија Шамовска Буџаковски, како и до проф. Јана Четелева Белевска и проф. Вера Поповска, за нивната посветеност и иницијатива во реализацијата на овој концерт.

Честитки до наставниците и учениците за извонредниот концерт!

Поврзани вести