
Коалицијата ВРЕДИ соопшти дека на 9 мај, по повод Денот на Европа, ВЛЕН ќе одржи Конгрес на обединување, од кој, како што наведуваат, ќе произлезе како единствен политички субјект.
Според соопштението, процесот на обединување се оценува како „зрел политички чекор“, при што пет политички субјекти ќе се интегрираат во една организациска структура со заедничко име, насока и мисија.
Од ВРЕДИ наведуваат дека новоформираниот субјект ќе се темели на принципите на владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство, европска интеграција и партнерство со НАТО, како и на заштита на семејството, културата и идентитетот.
„На Конгресот се очекува учество на околу 850 делегати, кои ќе го потврдат процесот на трансформација од коалиција во единствена политичка сила“, се наведува во соопштението.
Од ВРЕДИ додаваат дека обединувањето, според нив, претставува премин „од соработка кон заедничко делување“, оценувајќи дека ваквиот развој ги менува политичките односи.
„Деветти мај се приближува и со него доаѓа обединет ВЛЕН, присутен низ целата територија, од Липково до Струга“, стои во соопштението.

Македонски


