
На петти мај (вторник) во 20 часот на сцената „Ристе Стефановски“ во Драмски театар Скопје гостува Народен театар Охрид со претставата „Парите се отепувачка“: Гостувањето е во рамките на одбележувањето 80 години јубилеј Драмски театар Скопје.
Колку чини еден живот ставен на пауза? „Парите се отепувачка“ ја отвора вечната дилема за цената на печалбарството – не во пари, туку во време, љубов и изгубени мигови што не се враќаат. Класика што и денес удира право во сржта, со силна сценска енергија и прашања што долго остануваат со вас.
Играат:
МИТРЕ – Стрезо Стаматовски
АНЃЕЛЕ – Филип Кипровски
МАРА – Марија Новак
КАТА – Адријана Билаловиќ-Тодороска
СОФРЕ – Никола Тодороски

Македонски


