
Од утре, 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје, со цел заштита на рибниот фонд во периодот на природниот мрест.
Надлежните ги повикуваат сите риболовци да ја почитуваат забраната и да овозможат непречено одвивање на процесот на мрестење, нагласувајќи дека зачувувањето на рибниот фонд е заедничка одговорност.
Против секое лице кое ќе биде затекнато како лови риба во периодот на забраната ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно член 101 став (1) точка 3, во врска со член 37 став (1) од Законот за рибарство и аквакултура.
За овој прекршок е предвидена глоба од 250 евра, а против сторителите ќе биде поднесена и кривична пријава за „Незаконит риболов“, согласно член 229 став (1) од Кривичниот законик.
Надлежните апелираат на одговорно однесување и почитување на забраната, со цел да се заштитат реката Треска и рибниот фонд за идните генерации.

Македонски


