Skip to main content

Маска за меки и мазни стапала: Едноставен и брз рецепт за испукани петици

Freepik

Негата на стапалата не е само естетско прашање, туку и огледало за тоа колку ви е важно да се чувствувате добро. Летото е на прагот и ќе треба да носите сандали, а со тоа и гордо да ги покажете вашите мазни петици. Со овие едноставни домашни рецепти ќе посакате секој ден да се грижите за вашите стапала.

Направете го првиот чекор кон освежени, длабоко хидрирани стапала со помош на хранлив балсам, односно маска за стапала.

За заштитен третман против испукани петици, можете да направите сопствена маска со богати состојки како кокосово масло, маслиново масло, ши-путер и пчелин восок – кој дејствува како средство за згуснување додека истовремено формира деликатна заштитна бариера, заедно со маслото од витамин Е, но и маслиновото масло и лимоновиот сок ќе ви овозможат еднакво добри резултати.

За да го подобрите сензорното и терапевтското искуство, додајте етерични масла како лаванда (поради нејзиниот смирувачки мирис) и чаевец (познат по своите антифунгални својства).

Приготвување: Само неколку чекори ве делат од убави стапала
Методот е едноставен. За почеток, стопете го пчелниот восок заедно со маслата, измешајте етерични масла и витамин Е и оставете ја смесата комплетно да се олади на собна температура, пред да ја префрлите во стаклени тегли или во туба за полесно нанесување.

Кога користите домашен балсам, мала количина е доволно за ефикасно да ја хидрира и смири кожата. Ако претпочитате полесна текстура, путерите за телот и лосионите се еднакви богати и приспособливи алтернативи направени од слични состојки.

Рецепт со состојки што често се користат во кујната
Испробајте го овој брз рецепт: комбинацијата од краставица, лимонов сок и маслиново масло инстантно ја обновува хидратацијата. Краставицата ги освежува и реватилизира уморните стапала, лимонот прави нежен пилинг, а маслиновото масло овозможува длабинска исхрана за исклучителна мекост.

Ви требаат две пластични кеси, две краставици, две лажици лимонов сок и две лажици маслиново масло.

Почнете така што ќе ги излупите и исечкате краставиците. Ставете лимонов сок, маслиново масло и краставица во блендер. Поделете ја смесата во двете кеси, ставете едно стапало во секоја кеса и масирајте со кружни движења. Оставете ја да дејствува 15-20 минути, па исплакнете со топла вода.

Приредете си вистински спа-ден без да морате да излегувате од дома, заслуживте оддишка!

Поврзани вести