Skip to main content

Вознемирувачки инцидент меѓу малолетници во автобус од Водно кон Скопје – извадени ножеви, родител спречил ескалација

Празничен ден кој започнал мирно и безгрижно за група 16-годишни деца, завршил со сериозен инцидент и паника. Според сведоштво на загрижен родител објавено на социјалните мрежи, ситуацијата ескалирала во автобус на релација Водно – центарот на Скопје, кога од, како што се наведува, „обични погледи и недоразбирања“, дошло до провокации, закани и вадење ножеви.

Родителот раскажува дека добил вознемирувачки повик од својата ќерка, по што веднаш тргнал кон местото на настанот. Во обид да спречи поголем инцидент, ги пронашол дел од инволвираните – четири малолетници, две девојчиња и нивните момчиња, за кои тврди дека биле под дејство на алкохол и носеле ножеви.

Со присебност и разговор, родителот успеал да ја смири ситуацијата и да спречи понатамошна ескалација.

Во објавата се изразува сериозна загриженост за, како што се наведува, сè почестата појава на насилство меѓу младите, како и за носењето ладно оружје, алкохол и дрога, кои, според родителот, стануваат дел од секојдневието.

„Ова не е само приказна од еден ден, ова е реалност“, се вели во сведоштвото кое предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Поврзани вести