Skip to main content
WzYDxegkWY0

Во СДСМ се изгорени да бидат на власт без никој да ги избере-затоа „плачат“ што се укина техничката влада

Сте го гледале ли филмот „Како да си го промениш името на сопствената земја“? Многу добар филм. Жанрoт е трагедија. Ти доаѓа да заплачеш од мака. Филмот ги полни кино салите, а по подолго време се појавија и тапкароши. Сите сакаат на големото платно да го видат филмот пред тој да биде откупен од Нетфликс или Дизни. Нестрливи се да го видат главниот лик во овој филм кој си го шитнал името на сопствената држава и око не му трепнало. А се коленше во жицата, на гитарата, оти додека го дише овој македонски воздух не му паѓа на памет да го промени името на Македонија, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Ееее ама сценаристите не мислеа така и во последен момент го променија сценариото и актерот виде не виде мораше да ја одигра улогата што му ја доделија. А не е тежок на убедување, особена ако за тоа се добива голем хонорар, а нашиов Шојиќ не е гадлив на пари, спомнуваше и дека финансиерите не е лошо да дадат и еден грчки остров, ако треба и ќерката ќе ја омажи богато.

Глумецoт тпоради премиерата на филмот го пропушти дури и роденденот на соптвенатата партија во која е главен, само што има назначено в.д претседател. Домар. Се збори дека со него сега имаат и бизниси по Блискиот исток. Ама се збори, не дека е точно. Премиерата на филмот беше многу јака. Елита.

Во првиот, додуша и во единствениот ред седеа една независна новинарка, еден уште понезависен поранешен портпарол и еден поранешен министер за надворешни работи кој е најпознат по изјавата дека „Македонците и Бугарите“ биле еден народ а оти Илинден бил бунт на бугарското население.Седнати во темница, со нажалени лица, небаре се на парастос а не на премиера на филм.

Откако критичарите го изгледаа филмот предвидуваат дека тој ќе биде претставник на Грција за Оскар, а наградата за најдобра споредна улога ќе ја поделат Алекис и Зоранис. Гледате како животот си ги мести коцките, откако пред неколку години за волку им избега Нобеловата награда за мир, сега ќе ја добијат највискока филмска награда. Што се вели правдата е спора но достижна.

Се сеќавате на населбата Пржино која стана позната по Договорот од Пржино

Во таа 2015 година среде Шарена револуција кога цело ЕУ и амбасадори беа за Заев се договори Техничка влада која значеше СДСМ да влезе во влада без да победат на избори. Изгорени беа да влезат во Влада ама пусто народ не ги сакаше. И денеска никој не ги сака.

И со таа Пржинска влада која е каракактеристична за банана држави и протекторати а не за нормални демократски држави за каква е оценета Македонија, СДСМ победи само еднаш, на едни сомнителни избори среде корона. Сега кога владејачката коалиција поднесе барање за укинување на Техничката влада, која беше и ветување на Заев пред неколку години, неговиот подреден Филипче како мало дете што не го играат другачињата се закани дека ќе им ја земе топката.Поточно Венко вели дека ако се укине техничката влада ќе излезат од работната група за Изборниот законик за чие изгласување е неопходна поддршка од сите партии. Види му го паметот.

Нели е убеден дека на следните избори ќе победи, а згора на тоа и да се укине, техничката влада ќе важи за следните избори а ќе се укине за тие потоа. А дотогаш Венко ќе ја има власта нели. Во куќниот совет. Дека Венко не живее во реалноста доказ е тоа дека се скара со еден од своите градоначалници, Ај што имаат само пет шест, туку сега се кара и со оној од Крива Паланка па уште го навредува дека не можел да прибере десет крави а не пак дека ќе се грижи еден рудник. Филипче бил загрижен за здравјето и безбедноста на граѓаните. Немој не ме радуј. Знаeme по Модуларната во Тетово како се грижеше за безбедноста на луѓето, изгоре како кибрит. Венко кој те советува да ти ги врати парите.

Поврзани вести