Skip to main content

Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер, во сообраќај се става и клучката Требеништа

На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден“, на социјалните мрежи вели вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски.

Тој информира дека од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево.

Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.

Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата.

Ја градиме Македонија!“, порачува Николоски.

Поврзани вести