
Традиционално, со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палењето на фестивалскиот оган, на 9 мај 2026 година во Македонската опера и балет свечено ќе биде отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
Особена чест оваа година е што фестивалскиот оган ќе го запали нашата оперска првенка Ана Дурловски — уметница со врвна меѓународна кариера и едно од најзначајните имиња на оперската уметност, препознатлива и почитувана и дома и во светот.
Фестивал што со децении ја слави оперската уметност, носејќи врвни изведби и незаборавни музички доживувања за публиката.
Програма и билети за настаните на МОВ 2026: https://t.ly/54MajskiOperskiVeceri

Македонски



