Skip to main content

Јокиќ остана и без гаќи и без 50.000 долари

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс. Згора на српските медиуми пишуваат дека популарниот „џокер“ останал и без гаќите кои исчезнале од соблекувалната.

Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика.

По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им беа изречени технички грешки и беа исклучени. Лигата пресуди дека српскиот играч ја предизвикал тепачката туркајќи го МекДениелс, а Рендл ја ескалирал ситуацијата интервенирајќи и туркајќи го играчот на Денвер, Брус Браун.

Рендл е казнет и со 35.000 долари. Двајцата играчи ќе можат да играат во петтиот натпревар од серијата, кој ќе се одржи во Денвер.

По четири натпревари, Денвер губи во серијата со 3:1. Следниот натпревар ќе се одржи на домашната арена на Нагетсите на 28 април

Поврзани вести