
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз најави враќање на тениските турнири и настап на турнирот во Виена. Воедно тој напомена дека му фалат мечевите со Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Александер Зверев.
– Би рекол дека секој ден е важен за да бидам подобар и се обидувам да напредувам и да научам нешто ново на секој тренинг на секој меч. Кога играш такви мечеви, ти станува јасно дека мораш напорно да работиш на тренинзите, изјави Алкараз.
Алкараз, кој во моментов е трет светки тенисер искажа пофални зборови за Зверев, кој има одлична сезона со напомена дека во овој спорт е исклучително важен континуитет и дека Зверев заслужи да биде и Гренд слем шампион.

Македонски

