Skip to main content

Млади уметници од Државното музичко училиште во Битола ќе гостуваат во музичкото училиште „Concert Liceu Jordan Misja“ во Тирана

Со голема радост, КИЦ на Македонија во Тирана ве поканува на концерт на млади уметници од Државното музичко училиште во Битола, кои ќе гостуваат во музичкото училиште „Concert Liceu Jordan Misja“ во Тирана, велат оттаму.

Оваа прекрасна иницијатива претставува почеток на една плодна соработка помеѓу двете музички училишта , која ќе овозможи размена на концерти, организирање мастер-класови и семинари за професорите, како и реализација на заеднички музички проекти.

Датум: 28 април 2026

Време: 13:00 часот

Локација: Концертна сала „Тони Харапин“

Поврзани вести