
Албанската јавност попладнево ја вознемири тежок инцидент што се случи во селото Балдре, кај Лежа, во кој се убиени сопружници.
Врз автомобилот „Ауди” во движење, во кој се наоѓале сопружниците убијците пукале од автоматска пушка, исто така од автомобил во движење, по што веднаш побегнале од местото на настанот.
Двете лица починале во автомобилот кој бил изрешетан со куршуми.
Мажот идентификуван како Крешник Мујечи и имал криминално досие. Бил уапсен во 2017 година како соучесник во убиство на 47-годишен маж во 2016 година, заедно со неговиот брат.
Во Албанија овој викенд се регистрирани неколку жртви и на патиштата. Во сообраќајни несреќи, загинаа пет лица, а повредени се десеттина.

Македонски



