Skip to main content

Бил примерен граѓанин:Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец со криминално досие. Тој е 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од Јужна Калифорнија, кој до вчера им предавал математика на деца и развивал видео игри, објавува CNN.

Тој признал пред полицијата дека мета му биле американските функционри на вечерата на дописниците од Белата куќа што се одржа синоќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави Си-Би-Ес

Ален живее во Торанс, мирно предградие на Лос Анџелес, а полицијата веднаш го идентификуваше како единствен осомничен по нападот во хотелот Вашингтон Хилтон. Додека агентите го вадеа Доналд Трамп и другите гости од салата, тие го совладаа Ален, кој беше вооружен до заби, во лобито.

Од примерен наставник до напаѓач

Неговото резиме, барем она достапно за јавноста, го прикажува како натпросечно интелигентна и успешна личност. Ален работел како инструктор во компанијата „C2 Education“, каде што им помагал на учениците да се подготват за тешки испити. Колку бил добар во тоа најдобро покажува фактот дека во декември 2024 година, компанијата го прогласи за свој „наставник на месецот“ и јавно го пофали на социјалните мрежи.

Покрај тоа што предавал, Ален бил и одличен ученик. Дипломирал машински инженер на престижниот Калтех, еден од врвните технички универзитети во светот, а минатата година магистрирал компјутерски науки.

Донирал за кампањата на Камала Харис

Додека сè уште бил студент, ги полнеше рубриките на локалните весници, но во сосема поинаков контекст. Тогаш бил славен како млад иноватор кој измислил систем за сопирање во итни случаи за инвалидски колички. Ништо во неговото минато не укажуваше дека неколку години подоцна ќе упадне на претседателска вечера со пушка и ножеви.

Што се однесува до неговите политички преференции, записите покажуваат дека во октомври 2024 година, тој донирал 25 долари за кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

Програмирал видео игри

Во слободното време, Ален бил програмер. Ја објавил својата прва независна игра, „Bohrdom“, на популарната платформа за игри Steam, која ја продавал за пари. На својот профил, тој гордо истакнал дека веќе работи на нов проект, игра со работен наслов „Прв закон“.

Иако бил почитуван во својата заедница, сега се поставува прашањето што се случило со умот на човек кој имал кариера, образование и признание од своите врсници. Ален моментално е под надзор во болница, а полицијата очекува утре да ги презентира сите детали од обвинението што трајно ќе ја запечати неговата кариера.

Поврзани вести