
СДС на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата која се повеќе губи доверба кај граѓаните избра да се занимава со политички инженеринг во други држави. СДС и Венко Филипче наместо да се борат за довербата на сопственото членство и граѓаните тие градат фронтови за туѓи потреби.По насока и инструкции на Заев и Башановиќ се ставија на располагање на политички агенди на туѓи држави само поради личните бизнис интереси на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ на средбата во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократска странка, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат на српската политичка сцена.
Средбите во Скопје меѓу српските опозиционери и раководството на СДС не се случајни, ниту пак се водени од принципи. Напротив, тие се дел од координирана акција креирана по насоки на Заев и Башановиќ, со јасна цел, остварување на лични и бизнис интереси надвор од Македонија.

Додека државата се соочува со сериозни предизвици, СДС избира да се занимава со политички инженеринг во друга држава. Ова не е политика. Ова е злоупотреба на партијата и целосно отуѓување од реалноста во Македонија.
За чии цели и поради кои интереси Заев и Филипче работата на оваа платформа?
Овој начин на делување на СДС преку Димитриевиќ поради личните цели на Заев и Башановиќ ја доведе СДС до ниво на маргинална партија во државата.
СДС се распаѓа, ја губи поддршката кај сопственото членство и граѓаните и се претвора во алатка на поединци за остварување на нивните интереси.
Македонија заслужува одговорна и посветена опозиција, а не партија што работи по туѓи инструкции и за туѓи интереси додека интересите на граѓаните за СДС се во втор план.
Време е за јасна одговорност и конечно расчистување со ваквите политики.

Македонски



