Skip to main content

Саемска промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска

На штандот на книгоиздателството „Сакам книги“ денеска во 18.30 часот ќе биде претставен романот со наслов „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска.

Според издавачот „Луција“ е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга.

Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која целиот работен и животен век го посвети на новинарството. Беше уредник во „Дневник“, главен уредник на магазинот „Теа модерна“, творец и главен уредник на „Леона магазин“, помошник на главниот уредник на весникот Вечер, уредник на додатоци и прилози. Нејзините колумни со наднаслов „Огледало“ беа критичко огледало на културни, социјални и општество-политички појави и настани, а се објавени во книгата „Светска женска“ (2015).

Автор е на стотици интервјуа со извонредно значајни личности од земјава и од странство. Значаен поддржувач на културниот активизам, инициjатор на фестивали, здруженија, како и за воспоставување награди и признанија на заслужни уметници од различни области на културата.

Поврзани вести