Skip to main content

Одбележување на Светскиот ден на книгата во НУБ „Свети Климент Охридски“

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска во 11 часот организира настан со што ќе го одбележи овој ден. Ќе се обрати Јован Никчевски, директор на НУБ, како и амбасадорот на Шпанија, по што ќе се читаат песни од шпански автори.

Ќе следува читање на македонската порака на авторот Иван Шопов. Во 13 часот,  ученици од ОУ „Круме Кепески“ од Кисела Вода ќе изведат избор драми.

Во 18 часот ќе следува забавен дел со изненадувања, а од 22 часот и настан на неколку диџеи – Гоце, Чваре, Кунгфулиш и Хапер Тек.

Поврзани вести