Skip to main content

Левандовски заминува во Јувентус или во Америка

 Италијанскиот гигант Јувентус е подготвен да му понуди на Роберт Левандовски над шест милиони евра по сезона за да му се приклучи на тимот откако ова лето ќе истече договорот со Барселона, но клубови од американската МЛС лига кои се заинтересирани за полскиот напаѓач би можеле да му понудат над три пати поголема сума, објави денеска весникот „Тутоспорт“.


Според истиот извор, Чикаго Фаер е меѓу сериозно заинтересирани американски клубови за потписот на Левандовски и е подготвен да му понуди на полскиот репрезентативец околу 20 милиони евра по сезона.
Левандовски во август ќе го прослави својот 38 роденден, но неколку тимови од Серија А, вклучувајќи ги Јувентус и Милан, не се обесхрабрени од неговите години.


За полскиот фудбалер постои интерес и од Турција и Саудиска Арабија

Поврзани вести