Skip to main content

По поразот од 3-0 Челзи остана без тренер

Лондонскиот премиерлигаш Челзи го отпушти денеска тренерот Лиам Росениор по лошата серија резултати која може да го доведе во прашање пласманот во квалификациите за Лигата на шампиони следната сезона.

Отказот на Росениор дојде ден откако неговиот тим загуби со 3-0 на гостински терен од Брајтон што беше седми пораз на Челзи на последните осум натпревари.

Лондонскиот клуб сега е седум бодови зад петтопласираниот Ливерпул, кој има натпревар помалку.

„Во име на сите во Челзи, би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност до Лиам и неговиот тим за сите нивни напори за време на нивниот престој во клубот. Оваа одлука не беше донесена лесно, но неодамнешните резултати и настапи паднаа под потребните стандарди и сè уште има многу работа да се направи оваа сезона“, се вели во клупското соопштение.

Калум Мекфарлан ќе ја преземе функцијата привремен тренер до крајот на сезоната. 

Поврзани вести