Skip to main content

Специјалистите ќе може да работат до 70 години, се предвидува со измените на Законот за здравствена заштита

Министерство за здравство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство.

Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст.

Со ова се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Дополнително, преку програмите на Министерството е обезбено и бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за пензионери со пониски примања, со што директно се намалува финансискиот товар и се овозможува подобар пристап до неопходната здравствена грижа – рече Алиу во обраќањето на одбележувањето 80 години постоење на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани, посочи министерот, се доказ за вашата незаменлива улога во општеството.

Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е врвен приоритет – додаде Алиу.

Поврзани вести