Skip to main content

По седум месеци повторно гори Вардариште

Принтскрин од видео / Архива

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ попладнево информираа дека по седум месеци повторно гори депонијата Вардариште.

Ова е последно предупредување од наша страна, велат од граѓанската иницијатива.

Оттаму бараат итна реакција од надлежните институции и враќање на полициското присуство на депонијата.

Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите, велат од граѓанската иницијатива.

Поврзани вести