Skip to main content

Планирајте си го времето: Мај ни носи три продолжени викенди

По велигденскиот продолжен викенд, граѓаните нема долго да чекаат за нов одмор – веќе во мај следуваат уште неколку можности за продолжени викенди.

Првиот е на 1 мај, Денот на трудот, кој во 2026 година паѓа во петок, што автоматски создава услови за продолжен викенд.

Вториот неработен ден следува кон крајот на мај, поточно празникот „Св. Кирил и Методиј“ кој се паѓа во недела, поради што се префрла во понеделникот (25 мај) кој ќе биде неработен ден.

Истата недела, 29 мај, ден пред Духови, повторно е неработен за православните верници, што значи последната недела од мај, ќе има само три работни денови.

Поврзани вести