Skip to main content

Mакедонските ракометарки ќе бараат победа во Словенија за трето место кое води на ЕП

Женската македонска ракометна репрезентација утре во Велење го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Националниот тим веќе втор ден е во Словенија, каде се одработуваат последните тренинзи.

Противникот е фаворит и репрезентација која веќе има изборено пласман на Европското првенство.

–  Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден, изјави Ивана Џатевска.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот, кога се играат и другите дуели од останатите групи заради регуларност. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани од шесте групи, како и четири од третопласираните селекции. Женската македонска репрезентација ќе го освои третото место во групата и има шанси за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026

Поврзани вести