
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе ја вложат целата своја економска моќ за да обезбедат инвестиции и просперитет за Унгарија. Трамп ова го порача во контекст на изборната кампања на Виктор Орбан, кој ја има поддршката на Вашингтон.
Мојата администрација е подготвена дa ja употреби целата економска моќ на Соединетите Држави за да ја зајакнеме унгарската економија, како што сме правеле за нашите големи сојузници во минатото, ако тоа им е потребно на премиерот Виктор Орбан и на унгарскиот народ. Подготвени сме да инвестираме во идниот просперитет кој што ќе се создаде под раководство на Орбан – порача претседателот Трамп.
Ова е втора негова порака во поддршка на Орбан објавена на само два дена пред изборите во Унгарија.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја посети Унгарија за лично да му изрази поддршка на Орбан, на изборите во кои Вашингтон е спротивставен со Брисел, од каде се укажува поддршка за опозициската партија Тиса на Петар Маѓар.
Извор: МИА

Македонски


