Данската влада предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на Гренланд.
Владата предложи и надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за таму да се распоредат борбени авиони Ф-35, пишува Ројтерс.
Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со санки со кучиња.