
СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра.Додека СДС и Филипче молчат, на јавноста се повеќе и станува јасно како Заев менуваше детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака, потсети Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ
Дака јасно кажува дека спремен бил да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, за да прерасне во бетонска џунгла од над 2 илјади станбени единици.
Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев уште на старт би му припаднале 4 милиони евра.
СДС, Заев и Филипче на јавноста и должат одговори, каде завршиле овие 4 милиони евра? Дали се инвестирани во недвижнини во Дубаи, акции во индиски авиокомпании или пак за вложување во бизниси во Бугарија?

Македонски


