Skip to main content

Вучиќ за американските санкции против НИС: Не ни паѓа ни на памет да заплениме руски имот

Српскиот претседател Александар Вучиќ, зборувајќи за американските санкции против Нафтената индустрија на Србија ( НИС), истакна дека Србија нема плаира да заплениме руски имот во земјата.

Русите ќе бидат многу потешко погодени од други санкции во однос на овие“, изјави Вучиќ на прес-конференција со американскиот секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма.

Вучиќ додаде дека очекува одлуки во писмена форма во наредниот период.

Ние не сме ограбувачи, нема да ограбиме руски имот. Ако треба да платиме за нешто, ќе платиме, но нема да одземеме нешто што не е наше“, нагласи претседателот.

Тој додаде дека побарал роковите за Србија да бидат пофлексибилни.

Прашање е дали новата администрација ќе ги укине овие санкции или не. Проблемот е што некои од нив може да се укинат, додека други мора да поминат низ Конгресот. Нема да ни биде лесно или едноставно. Најважни ќе бидат нафтата и бензинот“, ијави Вучиќ.

Поврзани вести