Skip to main content

Со „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски почнуваат бесплатни проекции на четири македонски филмa во „Синеплекс“

Бесплатни кинопроекции на македонски филмови во „Синеплекс“ во Скопје ќе се случуваат од 6 април (понеделник). Под мотото „Македонски филм. На големо платно.“, Агенцијата за филм во соработка со „Синеплекс“ започнува нов проект за доближување на домашната кинематографија до публиката. Прв филм што ќе биде прикажан е „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. Филмот годинава одбележува 15 години откако е излезен.

Проекциите ќе бидат секој понеделник, а влезот е бесплатен влез, по принципот прв дојден, прв услужен.

– Со оваа соработка го враќаме филмот таму каде што најмногу му прилега – на големото платно. Ова е само почеток на активностите по повод 20 години од формирањето на Агенцијата, преку кои сакаме уште повеќе да ја развиваме филмската култура и интересот за домашниот филм – истакна Мицевски.

Регионалниот оперативен менаџер на „Синеплекс“, Ненад Станковиќ, нагласи дека кампањата ќе биде поддржана преку сите комуникациски канали на киното, како и дека, доколку има зголемен интерес, ќе се отворат повеќе сали истовремено, упатувајќи покана до публиката секој понеделник да биде дел од ова кино доживување.

По „Панкот не е мртов“, ќе следуваат: „Avec L’amour“ во режија на Илија Цветковски (13 април), „Господ постои, името и’ е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска (20 април) и „Хомо“ во режија на Игор Иванов (27 април).

Поврзани вести