
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
До средината на следната седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 км/ч. Во петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Македонски


