
Израелската армија соопшти дека еден нејзин војник загинал денеска во јужен Либан, каде што Израел повеќе еден месец спроведува воена акција против проиранското движење Хезболах.
Во кратко соопштение на социјалните мрежи, армијата соопшти дека војникот е идентификуван како 21-годишниот наредник Гај Лудар.
Со тоа, официјалниот број на израелски војници загинати во јужен Либан од 2 март се зголеми на 11.
Израел на 2 март почна напади врз јужен Либан, упориште на проиранското шиитско движење Хезболах.

Македонски


