Skip to main content

Предавање и дегустација на јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет

Историјата, културата и традицијата на јапонскиот чај ќе бидат во фокусот на настанот „DISCOVERY: Јапонски чај – Сенча“, кој денеска ќе се одржи во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Гостинка на настанот ќе биде Курита Јунко, специјалистка за јапонски чај, која ќе одржи предавање за историјата и културното значење на овој традиционален напиток. Таа ќе претстави и јапонски изрази поврзани со чајната традиција, а присутните ќе имаат можност да учествуваат и во дегустација на јапонски чај.

Настанот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, а предавањето ќе биде на англиски јазик. Учеството е бесплатно и не е потребна претходна регистрација.

Организатори на настанот се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Јапонската фондација од Будимпешта.