Skip to main content

Летово на Водно ќе има спасители-волонтери

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Во текот на летниот период на Водно ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери од Црвениот крст, подготвени да интервенираат во евентуални непредвидени ситуации, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој денеска објави дека екипи на градските претпријатија го расчистуваат Водно.

Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани – засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието. Токму затоа, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди изгледот и функционалноста на оваа парк-шума“, објави градоначалникот.

Ѓорѓиевски напиша дека веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки со ширина од 2,5 до 3 метри и должина 5 километри, со што значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители.

Дополнително, издаден е налог до ЈП „Паркови и зеленило“ за целосна реконструкција на урбаната опрема – обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи.

Поврзани вести