
НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
На 1 април 2026/ среда/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикаже филмот
„ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“
Влезници на билетарницата од Центарот за култура од 11. 00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот во киното Мис Стон.
Податоци за филмот:
Зemja: Хрватска, Бугарија,Србија,Македонија,Црна Гора,Босна и Херцеговина и
Турција.
Година/ времетраење : 2024 / 89′
Драма,трилер
СЦЕНАРИЈО:Рајко Грлиќ,Анте Томиќ
ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА: Бранко Линта х.ф.с
МОНТАЖА:Томислав Павлиќ х.ф.м
ЗВУК:Момчил Бошков
МУЗИКА:Дуке Бојаџиев
УЛОГИ:Jелена Ѓокиќ,Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ,Емир
Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ,Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски
ПРОДУКЦИЈА: Интер Филм д.о.о
КО-ПРОДУКЦИЈА: RFF International (Bulgaria), West End Production (Serbia), ABHO Film
(Montenegro), Veda Film (North Macedonia), Oktavijan (Bosnia and Herzegovina), Saudade
(Turkey)
Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.
Режисер:
РАЈКО ГРЛИЌ (Загреб, 1947) е еден од најважните хрватски режисери и сценаристи.
Дипломирал филмска режија на ФАМУ во Прага. Режисер и косценарист е на единаесет играни филмови. Покрај тоа, Рајко напишал десет сценарија за играни филмови и ТВ серии. Добитник е на бројни награди за своите сценарија, вклучувајќи ги и наградите на УНЕСКО, FIPRESCI на Канскиот филмски фестивал и наградата „Петер Кастнер”. Интензивно соработувал во пишување на сценарија со српскиот режисер Срѓан Карановиќ, исто така е и член на таканаречената Прашка филмска школа (косценарист е на два филма на Грлиќ и три филма на Карановиќ, како и познатата ТВ серија на Карановиќ „Безгрижни години“). Исто така режирал три документарни ТВ серии и повеќе кратки играни филмови. Тој напиша, режираше и продуцираше CD ROM „Како да направите свој филм: Интерактивна филмска школа“. Овој CD ROM му донесе осум меѓународни филмски награди, вклучувајќи ја и главната награда за најдобар мултимедијален проект на Њујоршкиот филмски фестивал во 1998 година. Тој го основа Мотовунскиот филмски фестивал и Имагинарната академија Грожњан, и беше нивен уметнички директор. Во 2001 година, заедно со Игор Мирковиќ, го режираше документарниот филм „Хрватска 2000: Кој сака да биде претседател“, за демократските промени кои се случија во Хрватска по смртта на претседателот Фрањо Туѓман. Грлиќ моментално е истакнат професор по филм на Универзитетот Ohio University in Athens, Ohio.
****************************************
Фестивали и награди
Пулски филмски фестивал 2024
– Златна Арена за сценографија (Жељка Буриќ)
– Златна Арена за најдобра споредна машка улога (Борис Исаковиќ)
Филмски фестивал Херцег Нови 2024
– Златна мимиоза за најдобра женска улога (Јелена Ѓокиќ)
Сараево Филм Фестивал

Македонски



