
По повод одбележување на 14 Април – Денот на Царинската управа, утре, 31.3.2026, на градскиот Плоштад во Гевгелија, од 11 до 14 часот, ќе се одржи настан „Отворен ден со Царинската управа“.
Посетителите во рамки на програмата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со различните задачи кои ги извршуваат нашите мобилни царински тимови, како и опремата што ја користат во рамки на секојдневната работа. Различната програма опфаќа демонстрирање на вештините на царинските кучиња, како и претставување на специјализираната опрема, вклучувајќи скенер за товарни возила, што се користи за откривање стоки коишто се предмет на криумчарење.
Целта на настанот е да ја приближиме Царинската управа до граѓаните и да ја подигнеме свеста за нејзиното значење во економскиот развој и во унапредувањето на безбедноста на државата.

Македонски



