
Почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, објави Народниот театар Битола.
Оливер Мицевски ќе остане запаметен како режисер на претставата „Едмонд“, која остави силен белег на сцената на Народен театар Битола. Неговата посветеност, креативност и уметничка визија ќе продолжат да живеат преку неговите дела, објави Народен театар Битола.
Мицевски завршил театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и специјализација по Ибзен во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло, Норвешка. Во 2012 во Будимепшта го основал својот приватен театар Oliver Micevski’s Theatre Company, своевремено единствен театар на англиски јазик во Будимепшта, заедно со група унгарски театарски работници.

Македонски



