Skip to main content

Жерновски стана меѓународен секретар – НАТО му зададе малку потешко прашање

Видео од гостувањето на Андреј Жерновски кај Ландов се шири на социјалните мрежи, откако во разговорот се отвора едно, на прв поглед, едноставно прашање – што значи НАТО. Сепак, одговорот не беше баш толку едноставен.

Во видеото може да се забележи момент во кој Жерновски се обидува да објасни, но не сугурен во одговорот, кој, со оглед на новото кадровско решение во неговата партија, треба да го знае. Тоа веднаш предизвика низа коментари и реакции на социјалните мрежи.

Клипот брзо стана вирален, а дел од корисниците со доза на иронија коментираат дека токму вакви прашања би требало да бидат „домашна задача“ за функцијата што ја извршува.

Инаку, НАТО – Северноатлантската алијанса – е еден од клучните безбедносни сојузи во светот, чиј член е и Македонија, па затоа и вакви моменти лесно го привлекуваат вниманието на јавноста.

Поврзани вести