
Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа пишува дека во Македонија има најевтини горива. „Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво“ пишува весникот.
Во анализата се потенцира дека владите во регионот се обидуваат да го ублажат растот на цените преку различни мерки, како намалување на акцизи и даноци, но просторот за дополнителни интервенции е ограничен.
„Владите на земјите од Западен Балкан на различни начини се обидуваат да го запрат растот на цените на горивата“, се наведува во текстот.
Сепак, и покрај тие мерки, Македонија останува најисплатлива опција за возачите, што ја прави атрактивна не само за домашните граѓани, туку и за транзитните патници и туристи.
Извор: Delo

Македонски



