Skip to main content

По повод Светскиот ден на поезијата, вечерва во ЕУ Хаус- Скопје јазиците градат мост, а не бариера

По повод Светскиот ден на поезијата, ве покануваме на вечер каде што јазиците градат мост, а не бариера, велат од ЕУ хаус-Скопје.

„Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve” – симбиоза помеѓу македонскиот и албанскиот јазик, препев и споделено значење.

Повелете на вечер дизајнирана како поетски разговор, каде што секоја песна се слуша во нејзината оригинална форма, а потоа се ревитализира преку препев – дозволувајќи моќта на зборовите да формираат врска и да резонираат со публиката во реално време.

4 март | 19:00 | Јуроп хаус Скопје

Со наизменични преводи од:

Марија Велинова • Лира Бојку • Ивана Јовановска • Валдета Дулахи • Стефан Спасовски • Калтрина Садики

Вечерта ќе ја заокружат модераторите – Арлинда Бафтиу и Андреј Медиќ Лазаревски со заедничко читање

Поврзани вести