
По неделната молитва, папата Лав четиринаесетти издаде силна осуда на конфликтот што го зафати Блискиот Исток:
Не можеме да молчиме пред страдањето на толку многу луѓе, невините жртви на овие конфликти. Она што ги повредува нив, го повредува целото човештво. Смртта и болката предизвикани од овие војни се срам за целото човештво и крик до Бога“, истакна папата.
Тој пораа дека ја следи ситуацијата со загриженост и повика на постојана молитва за прекин на борбите и за отворање на патот кон мирот преку дијалог и почитување на достоинството на секој човек.

Македонски


