Skip to main content

22 Март- Светскиот ден на пантомимата се слави во повеќе од 60 земји

Светскиот ден на пантомимата на 22 март, кој се слави во повеќе од 60 земји на пет континенти, со прв слоган на Светската организација за пантомима „Пантомима – јазикот на мирот“,  е особено важно сега кога низ целиот свет се водат безброј војни и вооружени конфликти .

За предок на пантомимата се смета францускиот актер и пантомимичар Марсел Марсо, кој ги почитувал сите луѓе, култури и религии и се залагал за мир, комуникација и уметност, несебично патувајќи во сите делови на светот каде што танцувал и обучувал други.

Меѓународното училиште за пантомима на градот Париз „Марсел Марсо“ е основано во 1978 година, а е затворено во 2005 година, две години пред смртта на Марсо. Дипломците на тоа училиште биле од овие краишта .