Skip to main content

Анеке Брасинга, прва холандска поетеса добитник на „Златен венец“: Kако да е одликувана целата холандска поезија и од минатото и од сегашноста

Годинешниот лауреат на наградата „Златен венец“ на СВП, Анеке Брасинга упати порака до Струшките вечери на поезијата, кја пред присутните ја прочита актерката Арна Шијак.

Голема чест и големо изненадуване е за мене што Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата ми го додели „Златниот венец“ за 2026 година. Длабоко сум трогната од ова високо признание, уште повеќе што сум првата холандска поетеса на која ѝ е доделена оваа награда. Тоа ми дава чувство како со овој венец да е одликувана целата холандска поезија и од минатото и од сегашноста.

Благодарам што ќе бидам учесник на прочуениот меѓународен Струшки фестивал и се надевам дека „Златниот венец“ ќе го носам со достоинство.

Особено ме исполнува со радост и благодарност сознанието дека дел од мојата поезија се преведува и ќе биде објавена на македонски јазик. И, конечно, ќе ми биде големо задоволство во Охрид да ги посетам споменикот и музејот посветени на писателот А. ден Долард. Тој живеел во едно село недалеку од моето родно место, во шумите на Велуве во источна Холандија. Токму тој на холандските читатели им го откри прекрасниот свет на Македонија, а јас уште од детството бев една од тие читатели – споделува Брасинга.

Поврзани вести