Skip to main content

Амбасадорот Николов се сретна со професорката Бушеро која ја води катедрата по македонски јазик на INALCO во Париз

Амбасадорот во Франција Проф. Игор Николов оствари средба со Проф. Фроса Пејоска Бушеро, која ја води катедрата по македонски јазик на INALCO во Париз.

INALCO (Национален институт за ориентални јазици и цивилизации) – еден од најпознатите европски центри за изучување ретки и помалку застапени јазици.

Специфичноста во Франција е тоа што постои катедра каде македонскиот јазик не само што се изучува, туку и научно се проучува – нешто што ретко може да се најде во други земји во светот,напиша Николов.

INALCO е еден од ретките универзитети во Западна Европа каде што Македонскиот јазик се изучува на академско ниво, се промовира македонската култура, литература и идентитет и студентите имаат можност да се специјализираат за Балканот

Поврзани вести