Skip to main content
Поради лошата состојба на патната и железничка инфраструктура

Литванија стравува дека во случај на војна со Русија, НАТО тенковите нема да може да стигнат до земјата

military_material-from-pixabay

Во Литванија, постојат стравувања дека при евентуална војна со Русија тенковите на НАТО нема да можат да стигнат до државата поради лошата состојба на патиштата.

Од 2008 година, повеќе од 6.000 км патишта не се поправени во земјата. Покрај тоа, повеќе од 120 мостови се во лоша состојба, стари се над 60 години и бараат 1,2 милијарди евра секоја година за поправки, покажуваат податоците на здружението „Патишта на Литванија“.

Не треба да се соочуваме со ограничувања при преместување на воена опрема од една земја-членка на НАТО во друга. Треба да ги идентификуваме слабите точки, како што се мостовите кои не се во состојба да издржат тешки товари“, вели Нилсен, член на одборот на директори на Литванските железници.

Според податоците, тековното финансирање е доволно само за да се продолжи со одржување на патиштата во сегашна состојба.

Поврзани вести