Skip to main content

Украле бакарен лим од кровот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Чаир

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, вчера во 17:25 часот е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје, одземен бил бакарен лим од кровот на црквата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, според пријавеното, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести