Skip to main content

Колективен притисок врз Израел: Канада, Франција, Германија, Италија и Британија бараат запирање на офанзивата во Либан

Во заедничката изјава на Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија на Израел му се порачува дека мора да се спречи „масовна израелска копнена офанзива“ во Либан, затоа што би можела да предизвика исклучително сериозни хуманитарни последици.

Значителна израелска копнена офанзива би имала исклучително сериозни хуманитарни последици и би можела да доведе до долготраен конфликт“, се посочува во соопштението.

Петте земји нагласуваат дека ваквата офанзива мора да биде спречена, бидејќи хуманитарната ситуација во Либан, вклучувајќи го и континуираното масовно раселување на населението, веќе е исклучително алармантна.

Истовремено во изјавата се додава дека земјите ги поддржуваат напорите на либанската влада за разоружување на шиитското движење „Хезболах“, кое е сојузник од Иран. 

Поврзани вести