Skip to main content

Обележан паркингот кај стариот театар во Велес, во изградба е и подземна гаража

Новоизградениот паркинг на местото на стариот театар во Велес, во близина на Автобуската станица утрово е одбележан, со цел целосна функционалност, информира градоначалникот Марко Колев. Паркингот е изграден со средства од општинската каса.

Поради местоположбата овој паркинг, кој е во  близината на Градскиот пазар и Автобуската станица, а и во близина на центарот на градот ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж“, потенцира градоначалникот Колев.

Воедно и овој нов паркинг, како и останатите паркинзи во градот, е бесплатен за сите граѓани.

Во центарот на Велес во тек е изградбата на прва подземна гаража.

Инаку жителите од овој дел од градот до општината пред неговата изградба бараа на овој простор кај стариот Театар кој се сруши, да се изгради Детски парк со реквизити за игра, како и  хортикултурно да се уреди просторот.

Поврзани вести