
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја коментираше изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека „Вучиќ треба да внимава што зборува“, одговарајќи дека Хрватска треба да внимава што прави, објави „Данас“.
Вучиќ коментираше за Милановиќ за време на својата посета на Бајина Башта.
„Јас сум Александар Вучиќ и јас сум горд претседател на Србија. Хрватскиот претседател или кој било друг нема да ми диктира што ќе кажам. Сакаме и ќе имаме мир и многу подобри односи со нив, иако нема подли нешта што не ми ги кажале,“ рече тој.
Вучиќ изјави дека го избрал патот на мирот и стабилноста за Србија и „народот ќе се прашува кој ќе ја води земјата, а не некој друг“.
„Ве молам да им подадете рака на сите на секое место, за да покажете дека сакаме обединета Србија. Ние ги зачувуваме мирот и стабилноста, ги зајакнуваме капацитетите за одвраќање, ја градиме Србија и остваруваме економски напредок,“ додаде тој.
Претходно, претседателот Хрватска ги нарече „глупави“ изјавите на српскиот претседател дека Хрватска, Албанија и Косово наводно се подготвуваат за можни активности против Србија.

Македонски

