Skip to main content

Додека му гори во двор зборува за Македонија во Бугарија: Рама вели Бугарите морало во Устав

принтскрин БНТ

Внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е неопходност што произлегува од договорот постигнат меѓу Скопје и Софија со француско посредување, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), во кое зборуваше за односите во регионот, европската интеграција и за политичката состојба во Албанија.

Новинарот го потсети Рама дека пред три години изјавил оти не се согласува целосно со бугарското раководство, период во кој албанскиот премиер често ја критикуваше Софија за блокирањето на евроинтеграциите на регионот. Според Рама, тогаш околностите биле поинакви и дека „сега нема причина за спор“.

Не. Не, бидејќи тогаш, како што се сеќавате, стануваше збор за ситуацијата пред таканаречениот договор меѓу Бугарија и Македонија, постигнат со француско посредништво. Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји – рече Рама.

Албанскиот премиер во интервјуто порача и дека Албанија нема проблеми со Бугарија, нагласувајќи дека прашањето за уставните измени во Македонија за него е веќе дефинирано со постигнатиот договор.

Поврзани вести