Skip to main content

Денес на програмата на Кинотека има два различни, но многу силни филмови: „Франц“ и „Приказната за Силјан“

Денес на програмата на Кинотека има два различни, но многу силни филмови:

🎬 „Приказната за Силјан“

(Тамара Котевска, Македонија, 2025, 80 мин)

🕕 Проекција: 18:00

🌿 Приказна сместена во рурална Македонија, каде земјоделецот Никола наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да го спаси.

Нивниот однос постепено прераснува во симболична врска што му помага на Никола повторно да ја пронајде смислата во животот и врската со заедницата и природата.

Филмот допира теми како: традиција, човек-природа однос и современи општествени притисоци.

🎬 „Франц“

(режија: Agnieszka Holland, 2025, 127 мин)

🕗 Проекција: 20:00

Биографска драма инспирирана од животот на писателот Франц Кафка.

Филмот го следи неговиот живот од раѓање до раната смрт, фокусирајќи се на личните борби, осаменоста и креативниот процес.

Со силна визуелна естетика и историски амбиент, филмот се обидува да ја долови психолошката длабочина зад неговите дела.

Поврзани вести