Skip to main content

Почина славниот германски филозоф Јиргин Хабермас

Принтскрин од видео

Јирген Хабермас, еден од највлијателните современи филозофи во Германија, почина на 96 години. Хабермас почина на 14 март во баварскиот град Штарнберг, соопшти неговиот издавач „Зуркамп Верлаг“.

Хабермас се смета за еден од најзначајните европски интелектуалци на 20. век, неговите главни дела беа развиени во Франкфурт, каде што ја започна својата кариера во 1950-тите во Институтот за социјални истражувања под водство на филозофот Теодор В. Адорно.

Неговото дело „Теоријата на комуникативното дејствување“, објавено во 1981, исто така се смета за едно од клучните филозофски дела.

Поврзани вести